Албанија испрати 60 медицински техничари во Италија

0
94


Шеесет албански медицински техничари заминаа за Италија за да им помогнат на нивните колеги во борбата со новиот коронавирус.

Ова е втора медицинска екипа што Албанија ја испраќа во Италија, по онаа од триесет лекари и медицински техничари кои во Италија пристигнаа на 28 март, а кои се ангажирани во регионот на Бреша.

На аеродромот во Рим беа пречекани од шефот на италијанската диопломатија Луиџи ди Мајо,кој се заблагодарил и на премиерот Еди Рама за, како што рекол, овој дар што ѝ се дава на Италија во овие тешки времиња низ кои минува.

„Тоа е најголемата помош што италијанскиот народ ја доби од странците. Албанија и албанскиот народ покажаа солидарност со Италија. Им благодарам на премиерот Еди Рама и на албанската Влада. Му благодарам на албанскиот народ за солидарноста“, рече при дочекот Ди Мајо.

За пристигнувањето   тој објави и на социјалните мрежи оценувајќи го тоа како „одлична потврда за пријателство“.

„Му благодарам на премиерот Еди Рама, целата влада и целиот албански народ за вториот одличен сертификат за пријателство, за конкретниот знак на луѓето кои ќе одат да ги спасат животите на нашите сограѓани и во исто време ќе им помогнат на нашите лекари и медицински сестри  во борбата против вирусот што ги носи првите позитивни знаци, напиша Ди Мајо.

Албанските медицински техничари ќе бидат ангажирани во регионот Марке. Се наоѓа во централниот дел на земјата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here