Актерите од Friends се собраа за специјално шоу, хонорарите се астрономски

0
114


Неколку месеци откако ја одбележаа 25-годишнината од премиерата на пилот епизодата на популарната ТВ-серија, актерите од Friends ќе се соберат повторно за едно специјално едновечерно шоу.

Екипата на легендарната серија наводно вeќе работи на шоуто што нема да се одвива по сценарио и ќе се искористи како промотивен материјал за лансирање на стриминг платформата HBO Max каде една од главните атракции ќе бидат сите сезони на Friends.

По многу преговори, ѕвездите на серијата кај нас позната како „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк – наводно постигнале начелен договор со продуцентската куќа Warner Bros. TV за едночасовно специјално шоу.

https://kajgana.com/

Според сајтот Deadline, за овој ангажман секој од „Пријателите“ ќе добие астрономски хонорарод 3 до 4 милиони долари. Во последните две сезони од серијата што се емитуваше од 1994 до 2004 година актерите добиваа по 1 милион долари по епизода.

Метју Пери ги подгреа надежите на фановите за евентуалното шоу кога пред два дена на Twitter објави мистерозна порака со содржина „Наскоро ќе има голема вест“ и еден ден подоцна стана последниот член на екипата кој се приклучи на Instagram.

 

 

https://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here