Ако финансиската поддршка не стигне до работниците ќе следат кривични пријави, предупреди премиерот

0
3


Премиерот Зоран Заев вечерва предупреди дека доколку финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави.

– Апелирам да не се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа, истакна премиерот во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Во врска со најавата за субвенционирање на работни места врз етничка основа, тој истакна дека тоа е противуставно.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од COVID-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени

– Нашите мерки за помош на граѓаните и економијата се прецизни и таргетирани, ова е храбар исчекор да пуштиме половина милијарда евра во стопаството, истакна претседателот на Владата.

Тој истакна дека се обезбедуваат 250.000 плати за три месеци или 83 илјади плати месечно за октомри, ноември и декември.

– Има прогресивен аспект на помагање за плати, за фирмите чиј приход се намалил до 40 проценти, помошта е 14.500 денари за работник, а ако приходот паднал за 80 отсто, добиваат 21.770, односно минимална бруто плата, рече Заев, додавајќи оти не се сите исто погодени и мора да помагаме поправично.

Премиерот нагласи дека сите земји земаат кредити за да го помагаат стопанството зашто ниту една земја не е толку силна за да обезбеди самостојно толку многу финансиски средства за да се справи со оваа глобална криза и затоа, како што рече, успеавме да обезбедиме доволно поволни заеми и финансиски средства за да ги поддржиме сите пакети од економски мерки за справување со последиците од пандемијата со COVID-19.

– Лидерот на опозицијата Мицкоски без аргументи ги осудува економските мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на една ваква криза. Секој го препознава како неаргументиран и недоличен таквиот нападот на мерките кои опфаќаат огромен број граѓани и компании. Сите мерки, вклучувајќи го и последниот четвртиот, во својот фокус ги имаа граѓаните од различни категории, како мерки инвестиции се во човечкиот капитал, во компаниите, дополни Заев.

Тој објасни дека земјата е во одлична финансиска состојба со перформанси кои ја обезбедија висината на финансиски средства за поддршка на економските мерки.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here