Ако вашата желба сè уште не е исполнета, тоа значи дека уште не е “платена”

0
136


Оваа симболична приказна за продавницата за исполнување желби нека ве потсети дека колку вложуваме толку и добиваме во животот. Затоа посакајте желба во Новата година и направете сè што е во ваша моќ таа да се исполни и да ве направи среќни!

„Некаде на работ од Универзумот имаше продавница. Таблата со името на продавницата одамна го нема затоа што пред многу време зафати бура, а новиот шеф не постави нова табла, затоа што секој жител сепак знаеше дека во продавницата се продаваат желби.

Асортиманот беше огромен, скоро сè можеше да се купи овде: големи јахти, куќи, бракови, функција потпретседател на голема корпорација, деца, витка фигура, освојување на конкуренцијата, луксузни автомобили, моќ, успех, изобилство и многу, многу други работи…

Не само животот и смртта не беа на продажба – тие беа со седиште во друга галаксија.

Сите кои дојдоа во оваа продавница (но, се разбира, имаше и такви кои никогаш не влегоа во неа и останаа дома) веднаш се распрашуваа за цената на нивната желба.

Цените беа различни. На пример, да се сака работа чинеше да се откажете од стабилноста и предвидливоста, да бидете подготвени самостојно да го испланирате и организирате животот, да верувате во сопствените сили и да одлучите да го работите тоа што го сакате, а не тоа што ви е наметнато.

Некои од цените беа необични: бракот можеше да се добие скоро бесплатно, но затоа среќниот живот беше скап. За него требаше: лична одговорност, споделување задоволство, препознавање на нечии желби, ценење на она што се има во моментот, среќа, самодоверба, откажување од улогата на „жртва“, ризик да се изгубат некои пријатели и познаници.

Но, секој што дојде во оваа продавница не беше подготвен да ја купи желбата веднаш. Некои, гледајќи ја цената, веднаш се разочараа и заминаа. Другите стоеја внимателно разгледувајќи долго време, пресметувајќи и смислувајќи начини како да се „исценкаат“. Некој се жалеше на многу високите цени, друг бараше попуст или прашуваше кога ќе има распродажба.

Но, имаше и такви што ги искористија своите заштеди и си ја исполнија посакувана желба, спакувана во украсна хартија. Другите клиенти беа љубоморни на таквата среќа, ширејќи озборувања дека шефот на продавницата им е пријател и дека желбата им се исполнила без никаков напор.

На прашањето до шефот на продавницата дали се плаши од банкрот, тој само ја затресе главата и одговори дека секогаш ќе има храбри луѓе, подготвени за ризик, за откажување од нивните навики и од секојдневниот живот, подготвени да веруваат малку повеќе во себе, луѓе кои вложувајќи ги сите свои средства ќе може да го платат исполнувањето на нивните желби.

И стотици години имаше реклама на вратата од продавницата:

Ако вашата желба сè уште не е исполнета – тоа значи дека сè уште не е платена.“





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here