Адетокунбо вторпат по ред прогласен за најкорисен играч во НБА

0
14


Кошаркарот на Милвоки Бакс, Гркот Јанис Адетокунбо е прогласен за најкорисен играч во сезоната во НБА.

Дваесет и петгодишниот грчки репрезентативец одигра 63 натпревари во сезоната 2019/20 и во просек постигнуваше 29,5 поени, 13,6 скока и 5,6 асистенции по натпревар за 30,4 минути.

Во плеј-офот, Бакс стигнаа до полуфиналето на конференцијата. Адетокунбо одигра 9 натпревари, со просек од 26,7 поени, 13,8 скока и 5,7 асистенции со просечно време од 30,8 минути.

Адетокунбо ја освојува титулата МВП втора година по ред. Тој е 14-ти кошаркар што ја освоил наградата повеќе од еднаш.

Јанис е роден во Атина како дете имигранти од Нигерија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here