Агонијата продолжува: Ова е најлошиот Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата

0
109


Манчестер Jунајтед вечерва загуби од Њукасл со 1:0 во натпревар од 8. коло од Премиер лигата на гостински терен и падна на 12. позиција на табелата во Премиер лигата.

Стрелец на победничкиот погодок за домаќините беше Метју Лонштаф во 72. минута.

За Јунајтед ова беше трет пораз, додека Њукасл ја забележа само вторатата победа. Со новите три бода, тимот од „Сент Џејмс Парк“ ја напушти „зоната на испаѓање“ и сега е на 16. место.

Историски пад

Откако пред 27 години беше основана Премиер лигата, шест клубови ја имаат освојувано титулата на медиумски најатрактивното национално првенство во светот.

Но, кога пет од нив (Челси, Манчестер Сити, Арсенал, Блекбурн, Лестер) ќе ги здружат титулите, бројат вскупно 14, што е само една повеќе од вкупниот број на шестиот клуб – Манчестер Јунајтед – кој дури 13 пати бил првак на Англија.

Во изминативе пет години на Јунајтед му е недостижна титулата, а по осум кола оваа сезона, клубот е на само два бода од испаѓање.

Со поразот кај Њукасл, момците на Оле Гунар Солскјер останаа на само 9 бода, што е најлош влез во сезоната за клубот по првите осум натпревари, каков не се памети од 1989/90, кога во првите осум кола „црвените ѓаволи“ зедоа само осум бода, а првенството го завршија со 13. Но, ваквиот влез во сезоната го забележа пред ерата на Премиер лигата, па ова се брои за најлошиот Јунајтед во историјата на лигата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here