Аврамовски го предводеше Вардар до победа над Работнички

0
105


Скопското дерби по вторпат сезонава му припадна на Вардар кој со двата гола на Даниел Аврамовски беше поуспешен од Работнички.

Поранешниот играч на Работнички денеска беше немилосрден кој својот поранешен клуб постигнувајќи два гола во последните 15 минути.

Аврамовски го отвори резултатот во 76-тата минута од слободен удар кога имаше и среќа бидејќи топката го закачи живиот ѕид, го смени правецот и го измами голманот Дамјан Шишковски.

Во судиското надополнување Аврамовски ги постави конечните 2:0 по еден конта напад откако доби топка во празно од нововлезениот Жунињу, успеа да го добие спринт дуелот со Себастијан Ерера и по вторпат го матираше Шишковски.

Заслужена победа на Вардар кој беше подобар во целиот натпревар. Ова е 36-та победа за Вардар во меѓусебните дуели, а Работнички остана на 32. Се одигра 89-тото градско дерби.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички – Вардар 0:2 (0:0)
Стрелци: 76′, 90’+3 Даниел Аврамовски
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

На табелата Вардар барем до утре ќе биде осамен на врвот со 27 бодови кога се играат останатите натпревари од 12-тото коло. Работнички останува последен со само 10 бодови и три порази во серија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here