Авион со 110 луѓе на летот се излизга од писта во Иран

0
105


Airbus A319 во сопственост на иранската авиокомпанија Iran Air, успеа да слета на аеродромот Керманшах, откако се излизга од пистата и заврши на тревникот до пистата покриен со снег.

За среќа, сите патници се во вред и нема пријавени повредени, а локалните медими известуваат дека нема видливи оштетиувања на авионот.

Официјални претставници на авиокомпанијата соопштија дека причината за инцидентот најверојатно е дефект на опремата за слетување.

Авионот со кој управувал пилот на Iran Air полетал од аеродромот во Техеран утрово со 102 патници и осум членови на екипажот . Меѓутоа, при слетувањето во Керманшах дошло до проблеми.

Градоначалникот на Керманшах за новинската агенција Irna изјави дека авионот A319 слетал „без поголеми проблеми“ и дека само едно од тркалата се излизгало кога допрело на пистата.

Според него, причините за незгодата се обилните врнежи од снег и „проблеми со механизмот за слетување на авионот“.

Сличен инцидент се случи минатата недела во Махшахр кога авион на Caspian Airlines со 136 патници наместо на писта заврши на улица. Само еден ден претходно, авион на компанијата Qeshm Air bio мораше да се врати на аеродромот северно од Иран откако се запали еден од неговите мотори.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here