Авион принудно слета во Софија откако патник се обидел да влезе во пилотската кабина

0
7


Индиец е уапсен на аеродромот во Софија откако авион на Air France кој летал од Париз до Њу Делхи принудно слета во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Индиецот се обидел да влезе во пилотската кабина, но бил неутрализиран уште во авионот.

Мотивите за неговото однесување сѐ уште не се познати.

Обвинителката Илијана Кирилова изјави дека Индиецот уште на почеток од летот се однесувал агресивно, се расправал со другите патници во авионот и нападнал член на екипажот, поради што авионот принудно слета во Софија.

На Индиецот му е одреден 72-часовен притвор и е известена Амбасадата на Индија во Софија.

Ивајло Ангелов од Националната истражна служба на Бугарија рече дека не може ниту да ја потврди, ниту категорично да негира дали случајот е поврзан со тероризам.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here